Агенција за промет со недвижен имот ЕНХЕЛЕЈА ДООЕЛ Охрид лоцирана во строгиот центар
на градот во ТЦ “Стара Чаршија” – Амам е успешен стопански субјект повеќе од една
деценија.Основна дејност ни е промет со недвижен имот.
Доколку имате желба или потреба да купувате, продавате или изнајмувате станбен или
деловен простор, ако имате потреба од совет, проценка, легализација на вашите објекти
вие сте на право место !!!!
Пружаме комплетна услуга која вклучува проценка на пазарна вредност на недвижноста,
фотографирање, огласување и промовирање на сопствена веб-страна, проверка на сопственост,
посреднички преговори, составување Договори и протоколи за примопредавање, правни
и даночни советувања како и посредување за добивање на станбени кредити.
Истотака пружаме услуги од доменот на:
Проектирање и изградба на објекти,
Проектирање и изведба на парно и соларно греење,
Проектирање и изведба на водовод и канализација,
Комплетен аранжман на реновирање и реконструкција на куќи,станови и деловни објекти.
Тоа што не разликува од другите посредници во прометот со недвижности е тоа што
се трудиме нашите услуги да бидат на највисоко ниво, да ја почитуваме конкуренцијата
и цврсто да се придржуваме на законот и правилата кои се однесуваат на прометот
на недвижности.
Во децениското работење довербата и задоволството на нашите клиенти ни дава поттик
да продолжиме да ве опслужуваме со уште поголем елан и професионалност.